Зеленски: Постигнати историски договори со земјите од Заливот

Украина воспоставува безбедносно-одбранбени партнерства со повеќе земји од Персискиот Залив, изјави претседателот Володимир Зеленски, посочувајќи „историски договори“ со Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар.
Зеленски во своето вечерно видеообраќање по враќањето од посетата на Блискиот Исток и држави во Заливот, изјави дека Украина соработува уште и со Јордан и Кувајт, како и дека има интерес за соработка и во Бахреин и Оман.
„Украина извезува одбранбени системи, воено искуство и техничко знаење, при што очекува возвратна соработка во безбедносната сфера“, рече Зеленски. Тој посочи дека веќе биле постигнати договори за зајакнување на противвоздушната одбрана, заеднички развој на производство на оружје, како и соработка во енергетскиот сектор.
Зеленски во петокот соопшти за одбранбено партнерство со Саудиска Арабија.
Украина, која повеќе од четири години се брани од руската интервенција, им нуди помош на државите од Блискиот Исток во обука на персонал и тактики за одбрана од иранските напади извршени со дронови и ракети.
МИА
Ново на Сител
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
-

СП 2026: Холандија со победа над Тунис го потврди првото место во групата
-

Најмалку 188 жртви од двата земјотреса во Венецуела, над 40.000 лица се исчезнати
