Зеленски неделава во посета на Саудиска Арабија, веднаш по средбата на руски и американски дипломати
Украинскиот претседател Володимир Зеленски неделава ќе отпатува за Саудиска Арабија, објави Скај њуз.
Оваа посета се случува во време кога американски и руски дипломати утре ќе одржат разговори во главниот град Ријад.
На средбите ќе присуствуваат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио.
Според изворите на медиумот, Зеленски може да пристигне уште утре навечер, но не планира средби со руски претставници. Не е познато дали тој ќе се сретне со делегацијата на САД.
Украинскиот претседател вчера престојуваше во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), каде што се сретна со тамошниот претседател.
Портпаролот на украинскиот претседател, Серхиј Никифоров, потврди дека Зеленски в среда ќе ја посети Саудиска Арабија заедно со сопругата, во рамките на „одамна планирана“ официјална посета.
Зеленски минатата недела ја најави посетата без да наведе конкретни датуми, додавајќи дека нема планови за средби со руски или американски претставници.
Ново на Сител
-
СДСМ: Мерките се задоцните и без суштина
-
Мицкоски во САД
-
Владина иницијатива за разрешување на Коцевски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Судството е заробено од СДСМ и ДУИ
-
Две девојки се степале во автобус на ЈСП
-
20-годишник со два ножеви сакал да влезе во Основниот кривичен суд Скопје
-
Косовец пробал да криумчари 1.260 ампули и 4.410 таблети од разни лекови и стероиди, поднесена пријава
-
Суд ја блокираше наредбата на Трамп за ограничување на државјанството по раѓање