Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Скај њуз изјави дека руските сили се подготвуваат за две нови офанзивни операции оваа есен, по три неуспешни кампањи оваа година.
- Тие се подготвуваат за уште две офанзивни операции наесен. Веќе имаше три, а пред нас се уште две тешки офанзивни кампањи, рече Зеленски.
Оваа изјава доаѓа по извештаите дека рускиот претседател Владимир Путин им рекол на американските претставници дека има намера да го окупира целиот регион Донбас до крајот на 2025 година.
- Она што им го кажав на Европејците и она што го кажав во Белата куќа – Русите нема да можат да го освојат нашиот исток, рече тој.
Претседателот на Украина, исто така, ги отфрли тврдењата дека Русија би можела да окупира градови како Суми на североистокот од земјата, нарекувајќи ги лаги и манипулации.
Руската армија отвори нов фронт во регионот Суми претходно оваа година, освојувајќи неколку села во мај и јуни. Сепак, на почетокот на септември, Зеленски изјави дека офанзивата е целосно запрена.
- Верувам дека Русите се справуваат полошо отколку што очекуваа. Тие се справуваат многу полошо отколку што му кажаа на Путин. Тој не знае за тоа, додаде тој.
Според проценката на „Економист“, Русија изгубила околу 31.000 војници помеѓу 1 мај и 9 јули, додека украинскиот Генералштаб ги проценува вкупните руски загуби од почетокот на инвазијата во 2022 година на приближно 1,1 милион.
Зеленски во август изјави дека ќе бидат потребни уште четири години за Русија целосно да го преземе Донбас, регион во источна Украина кој ги вклучува претежно окупираниот Луганск и делумно окупираната област Донецк.
МИА
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
