Зеленски најави нова воена помош за Украина: Очекуваме нови договори
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави дека очекува одреден број нови договори за испорака на оружје за Украина, кои треба да бидат потпишани следниот месец.
-Подготвуваме нови договори со партнерите. Силни билатерални договори. Треба да имаме резултати во јануари и февруари.
Има одредени датуми кога може да се очекуваат нови и силни договори, рече Зеленски во редовното ноќно видео обраќање до сонародниците, пренесуваат британските медиуми.
Зеленски не ги именуваше земјите со кои се надева дека ќе постигне нови билатерални договори, но во изминатите неколку недели претседателот на Украина беше ангажиран во интензивни дипломатски активности обидувајќи се да обезбеди посилна политичка и воена поддршка.
Во последните неколку месеци парите и воената опрема бавно пристигнуваат во Украина, бидејќи во САД расте противењето за обезбедување поголема помош за Киев, додаваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Украинската армија вели дека нападот во текот на ноќта врз Русија бил „најмасовниот“ од војната
-
Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ