Зеленски му наложил на украинското МНР да воспостави контакти со новата влада во Сирија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно редовно видео обраќање до нацијата изјави дека му наложил на Министерството за надворешни работи на Украина да воспостави контакти со новата влада во Сирија.
- Му наложив на нашето Министерство за надворешни работи да работи поактивно на воспоставување на сите потребни контакти со претставниците на народот на Сирија и да ги исправи грешките на Асад во однос на Украина и цела Европа, рече Зеленски.
Тој додаде дека Украина ќе ја поддржи сириската програма за храна.
- Ова е нашата морална предност – Украина им помага на многу земји да обезбедат нормалност на нивните животи, особено во однос на безбедноста на храната.
Ни треба овој регион, како и секој друг регион во светот, да биде стабилен и мирен, посочи Зеленски.
Режимот на Башар ал Асад беше соборен на 8 декември откако бунтовничките групи предводени од Хајат Тахрир ал-Шам влегоа во главниот град Дамаск.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот