Свет
22. March 2022 - 11:41

Зеленски: Моите деца знаат што се случува, разбираат за што се бориме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека неговите деца да бидат свесни за жртвата која ја дале нивните сограѓани од почетокот на руската инвазија.

„Моите деца знаат што се случува, а јас не знам дали тоа е добро или не. Ништо не им објаснував, а тие ме прашаа дали во Украина има војна. Во нашиот дом имаме слобода на говор како во цела земја. Тие знаат за што се бориме и тие го разбираат тоа. Знаат дека добрите луѓе мораат да се жртвуваат, не морам ништо да им објаснувам“, вели Зеленски.

Зеленски кажа дека руските сили го означиле како главна цел, додека втора цел им е неговото семејство, но одби евакуација од Украина.