Зеленски го потпиша Договорот за стогодишно партнерство со Велика Британија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на платформата Икс објави дека го потпишал Договорот за стогодишно партнерство во Велика Британија.
– Нашиот сојуз ја удвојува нашата сила. Затоа е чест и привилегија да го потпишеме законот за ратификација на Стогодишниот договор за партнерство меѓу Велика Британија и Украина. Вчера, Врховната рада со големо мнозинство го поддржа овој историски договор, а денеска го враќам во Парламентот со мојот потпис, наведе Зеленски.
Тој изрази благодарност до кралот Чарлс Трети за неговата непоколеблива поддршка.
– Кога тиранијата повторно ќе ја загрози Европа, сите мора да останеме цврсти, а Велика Британија продолжува да игра водечка улога во одбраната на слободата на многу фронтови. Заедно постигнавме многу, а со поддршка на слободољубивите нации – Велика Британија, нашите европски партнери и САД – продолжуваме да ги браниме вредностите и да го заштитуваме човечкиот живот. Обединети сме во нашите напори да ја направиме дипломатијата ефикасна и да обезбедиме траен мир за европскиот континент, истакна Зеленски.
Врховната рада со 295 гласови „за“ го ратификуваше Договорот за стогодишно партнерство меѓу Украина и Велика Британија.
МИА
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
