Зеленски го обвини Путин за смртта на Навални

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.
На заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин, Зеленски изјави дека е „очигледно“ дека Путин „го убил Навални“.
Зеленски рече дека на Путин „не му е грижа кој ќе умре“ и дека на рускиот претседател му е важно само да остане на власт, пренесува германски „Велт“.
Тој наведе дека Путин „треба да изгуби сè“ и „да одговара за злосторствата“.
Навални почина денеска во затворска колонија во автономниот округ Јамало-Ненецки на 48-годишна возраст.
Канцеларијата на Федералната казнено-поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненецки соопшти дека по прошетката, Навални се чувствувал лошо и изгубил свест, по што бил неуспешно реанимиран, а причината за смртта се утврдува.
Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна во рускиот регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.
Ново на Сител
-

Клековски: Три нови случаи на западнонилска треска
-

Две лица спасени поради силниот ветер на Охридското Езеро
-

Мицкоски: Остануваме посветени на спроведување на реформите
-

Поранешен директор на американска банка осуден на 30 години затвор за дрогирање и силување жени
-

Мисајловски: Армијата останува да помогне во Гостивар додека има потреба за тоа
-

Девет грчки плажи останаа без наградата „Сино знаме“
-

Следната недела пеколни горештини во Македонија: Тропски ноќи и температури над 40 степени
-

Уапсени две лица од гостиварско поради организирање борби со кучиња
