Зеленски експедитивно потпиша четири закони усвоени вчера од Врховната рада
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа експедитивно потпиша четири закони усвоени вчера од Врховната Рада, кои се неопходни за почеток на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија, пренесоа украински медиуми.
Според информациите на официјалната веб-страница на украинскиот парламент, Зеленски, особено, го потпишал законот „За воведување измени на одредени закони на Украина во врска со разгледувањето на експертската проценка на Советот на Европа и неговите тела за правата на националните малцинства (заедници) во посебни сфери.
Во законот пишува дека приватните универзитети ќе имаат право слободно да го избираат наставниот јазик кој мора да биде официјален јазик на ЕУ, но не и рускиот, кој увозниците го квалификуваат како јазик на земја агресор.
Украинскиот претседател потпиша и два закони – едниот за зајакнување на независноста на Специјализираното обвинителство за антикорупција и другиот за зајакнување на институционалниот капацитет на Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ).
Вториот од овие закони предвидува постепено зголемување на персоналот на НАБУ на 300 вработени.
Четвртиот закон потпишан од Зеленски се однесува на донесување посебни правни норми за спречување на корупцијата во согласност со препораките на Европската комисија.
Со него се предвидува можност Националната антикорупциска агенција да има право да го потврди потеклото на имотот што го стекнале државните службеници за време на нивната работа во државната администрација.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица