Зеленски: Членството во ЕУ и безбедносни гаранции – клучни барања на Украина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, смета дека пристапувањето на неговата земја во Европската Унија е клучен дел од мировен договор за завршување на војната со Русија, јави ДПА.
Во синоќешното видео-обраќање тој уште ја посочи „реконструкцијата на нашата земја по војната“ како предуслов за „вистински мир во Европа“.
Зеленски, исто така, рече дека границите и суверенитетот на Украина мора да се почитуваат, а на неговата земја мора да и се дадат безбедносни гаранции.
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, вчера ја нарече интеграцијата на Украина во ЕУ „важна основа“ за завршување на војната на Русија. Во исто време, Мерц не ја исклучи целосно можноста Украина да се откаже од дел од територијата.
Според последните проценки на Светската банка, за обнова на Украина од војната ќе бидат потребни околу 500 милијарди евра.
Киев веќе доби околу 150 милијарди евра од странски донатори од почетокот на војната, главно средства за финансирање на својот буџет.
Минатата недела земјите-членки на ЕУ го отворија патот за дополнителни 90 милијарди евра кредити.
МИА
Ново на Сител
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
-

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор
-

Рокас: Има забрзување на процесот на реформите
-

Тешко повреден кумановец во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Скопје
-

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина
-

12-годишно девојче под присила праќало експлицитни фотографии и видеа на малолетник
-

Уапсен охриѓанец, одзел телефон на германска туристка, нападнал полицајци и во домот поседувал дрога
-

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
