Свет
9. March 2022 - 17:45

Зеленски: Бомбардирана детска болница во Мариупол, под урнатините има деца | ВИДЕО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Фејсбук објави видео од детска болница, која, според Украинците, денеска ја бомбардирале Русите.

„Мариупол. Директен удар од руските сили во породилното одделение. Децата се под урнатини. Злосторства! Уште колку светот ќе биде соученик и ќе го игнорира овој терор? Затворете го небото сега! Престанете да убивате! Имате моќ, но се чини дека го губите човечкото во вас“, рече Зеленски.