Зелена Лупа: Чавков не смее да биде аболициран бидејќи донирал за кампањата на Иванов

Евентуалното амнестирање или аболицирање на Митко Чавков од страна на претседателот Ѓорге Иванов, само по себе е „директен конфликт на интереси“, што е спротивно на позитивните законски прописи во државата, посочува претседателот на Здружението Зелена Лупа, Ване Цветанов.
Овој став произлегува од информацијата на Зелена Лупа дека за потребите на изборната кампања во 2014 година, Чавков лично донирал финансиски средства за подршка на тогашниот претседателски кандидат Ѓорге Иванов.
-Митко Чавков како еден од донаторите во кампањата на Ѓорге Иванов не може и не смее да биде амнестиран или аболициран од страна на Претседателот на Република Северна Македонија, дециден е Цветанов.
Од Здружението ги повикуваат Специјалното јавно обвинителство, Државна комисија за спречување на корупцијата и ЈО за гонење на организиран криминал и корупција да ги испитаат овие информации преку законско прибавување на докази за ова тврдење и во рана фаза превентивно да биде информиран и опоменат Иванов дека неговата евентуална намера за амнестија или аболиција на Чавков обвинет за серија кривични дела е спротивно на законските прописи во државата.
-Искрено очекуваме брза, ефикасна и транспарентна реакција од соодветните државни органи за да се спречи уште една непромисленост од страна на непресметливиот Ѓорге Иванов како што беше случајот со амнестиите кои што ја предизвикаа Шарената револуција, се вели во соопштението на Зелена Лупа.
Ново на Сител
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење од струшкиот водовод
-

Пошта: Се работи на решение за забрзување на царинските формалности и обработка на пратките
-

Вешти лица од Словенија и денеска ќе сведочат за „Онкологија“
-

Предметот Македонски јазик и култура ќе се изучува во уште едно училиште во Хрватска
-

„Берлинале“ 2026: Мишел Јео ја доби „Златната мечка“ за животно дело
-

Како да пријавите во Агенцијата за Храна и Ветеринарство
-

Мицкоски: Продлабочување на стратешко партнерство со САД, силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија
-

Во Нови Сад претставена Стратегијата на Македонскиот национален совет во Србија за периодот 2026-2031 година
