Зеќири: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се за НАТО и ЕУ да преземат одговорност во име на граѓаните кои ги избрале

Наместо да се обидуваат преку нелогични барања да дојдат до амнестија за Никола Груевски, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба едноставно да кажат дали се за ЕУ и НАТО или не.
Над 600.000 граѓани јасно се определија за иднина во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција. Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО ДПМНМЕ се должни да ја следат мнозинската волјата на граѓаните.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се за НАТО и ЕУ да преземат одговорност во име на граѓаните кои ги избрале и да ги продолжат процесите во Собранието.
Затворањето на патот кон ЕУ и НАТО, значи затворање на пристапот до европските фондови, намалена финансиска поддршка, намален обем на инвестиции и работни места. Затоа е важно да продолжи процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО
Но, ако Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, продолжат со измислувањето нови нелогични барања, фокусирани единствено на амнестија, тоа ќе биде јасен знак дека сакаат да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и да ја вратат земјата во изолација.
Тогаш единствен начин се предвремени избори кои мора да бидат организирани веднаш за доброто на државата. Мицкоски нема да може да избега од волјата на граѓаните, изјави денеска Мухамед Зеќири, пратеник и потпретседател на СДСМ.
Ново на Сител
-

Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската ПВО
-

Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска
-

Руте: Самитот на НАТО во Анкара беше „исклучително успешен“
-

Кремљ го поздрави укинувањето на суспензијата на Рускиот олимписки комитет
-

Приведен 40 годишник од Пробиштип кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка
-

СЗО предупреди дека случаите на рак на глобално ниво би можеле речиси да се удвојат до 2050 година
-

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Три случаи на семејно насилство во Штип, Свети Николе и Македонска Каменица
