Зекири: Заев е разочаран од исходот на изборите, тешко некој да го убеди да ја преиспита оставката
Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Мухамед Зекири, вели дека и покрај настојувањата на коалициските партнери, Зоран Заев тешко ќе ја преиспита одлуката да поднесе оставка на премиерската функција.
Во изјава за косовската агенција Косова прес, Зекири вели дека сѐ се очекува да се разјасни во следните денови, кога Заев ќе ја предаде оставката во Собранието.
Според потпретседателот на СДСМ, не само партнерите од коалицијата, туку и „пријатели од меѓународната заедница“ се обидуваат да го убедат Заев да ја повлече оставката. Но, Зекири вели дека Заев е разочаран од резултатот од локалните избори и од неотворањето на преговорите за членство на земјава во Европската унија.
„Ќе биде тешко да се убеди, бидејќи е разочаран од исходот на изборите, но и од неколкугодишниот процес на напори за отворање преговори со ЕУ. Македонија ги исполнува сите услови, ја направи промената на името, но тогаш се појави Бугарија како пречка и она што го направи ЕУ не ги рефлектираше сите оние храбри одлуки кои ги донесе Заев во надворешната политика. Сево ова имало и има влијание врз неговата личност и ќе биде тешко за секого да го убеди, иако барањата се упорни, и во партијата и од коалициските партнери“, вели Зекири.
Ново на Сител
-
Протестен марш против аерозагадувањето во Скопје
-
Словачка потврди дека се согласила да биде домаќин на евентуални мировни преговори за Украина
-
Намалени и цените на дел од основните прехранбени производи што не се дел од Новогодишната кошничка, Владата продолжува да ја следи ситуацијата
-
Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери
-
Наутро студено и магливо, преку ден сончево
-
Автомобил ја проби блокадата во Белград и удри студент | ВИДЕО
-
Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа на патот Куманово-Крива Паланка
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот