Зекири: Вкупно 57 кандидати за антикорупционери
Вкупно 57 кандидати ќе се најдат во процесот за избор на седумчлената Антикорупциската комисија.
Претседавачот со Комисијата за селекција на кандидатите, пратеникот Мухамед Зекири денеска во Собранието изјави дека процедурата на интервјуирање на кандидатите која ќе биде јавна, ќе започне утре, а треба да заврши во среда на 6 февруари. Секој кандидат ќе има време од 30 минути за да одговори на прашањата што ќе му ги постават членовите на Комисијата за селекција, како и членови на МАНУ, Народниот правобранител, новинари, граѓански активисти кои се пријавиле да бидат дел од овој процес на интервјуирање.
Целата постапка за избор на Државната комисија за спречување на корупцијата треба да се заокружи на 8 февруари со гласање на пленарна седница на Парламентот.
-Планираме се да завршиме со работа до среда по што ќе дадеме време на Комисијата за избори и именувања да ги помине кандидатите кои ќе бидат избрани и да дадеме време претседателот на Собранието да свика пленарна седница на која што ќе треба да бидат изгласани предложените членови, рече Зекири.
Сите интервјуа ќе бидат снимени и емитувани на собранскиот канал, за да не се стават во нерамноправна положба кандидатите кои ќе бидат интервјуирани први, од тие што тоа ќе го направат подоцна.
Инаку, ова е прв пат изборот на составот на Комисијата за борба против корупција да се врши на ваков начин, по пат на интервјуа, согласно последните законски измени.
На конкурсот за избор на членови на Антикорупциската пристигнаа 80 апликации. Од нив во првото филтрирање отпаднаа 21 кандиат поради неисполнување на условите за образование или некомплетност на документите, а еден самиот ги повлекол документите. По денешното разгледување во процедура останале апликациите на 57 кандидати.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион