Зека најавува апсење на политичар од Македонија кое ќе предизвика политички земјотрес
На барање на Хашкиот трибунал познат политичар од Македонија ќе биде уапсен заедно со уште дваесетина косовски функцуионери, а тоа ќе направи голем потрес во Македонија и на Косово, открива за Сител косовскиот политичар и новинар Миљаим Зека.
Зека вели дека имал увид во хашкото обвинение во кое се наоѓаат имињата на овие функционери, а едниот од нив е актуелен политичар од Македонија. Нема да биде проблем ако некој од овие луѓе веќе сведочел пред Специјалниот суд на Косово, посочува Зека, кој сега живее во Шведска.
Миљаим Зека уште пред 6 години објави дека има список со печат од хашкиот трибунал на кој се наоѓаат имиња, меѓу нив и Тачи, Весели и Хаљити, против кои ќе бидат покренати обвиненија за злосторства направени од страна на УЧК. Овој приштински новинар и поранешен пратеник во косовскиот парламент самиот неколку пати бил сведок пред Специјалниот суд за Косово.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар