Македонија
24. November 2016 - 19:48

Здружението за цистична фиброза бара лекови на позитивната листа

На три ипол годишно дете од источна Македонија пред една недела му е дијагностицирана цистична фиброза. Тежело само 8,5 килограми. Според неофицијални информации, извесен период лекарите го лекувале од бронхит. Специјалистите од Центарот за цистична фиброза велат дека во тек се генетски испитувања.

- Апелирам до матичните лекари при ненапредување на детето во телесна тежина, при потешки долно респираторни инфекции, секогаш да се мисли на ова заболување и да се упатуваат децата со цел порана и побрза дијагностика, изјави Ирена Чакаларовска од Центарот за цистична фиброза.

По отворањето на Центарот во март, веќе имаат над 40 пациенти со дијагностицирана цистична фиброза. Од здружението бараат на позитивната листа да има лекови за симптоматска терапија.

- Многу антибиотици, антифунгициди, супоративна терапија, мултивитамини, хиперкалорични додатоци во исхраната, ги нема на позитивната листа на лекови и ги нема во државата да се купат приватно, изјави Снежана Бојчин претседател на Здружението. 

За време на Европската недела за цистична фиброза, пациентите и нивните семејства бараат изедначување на третманот на болеста во сите европски земји.