Здружението на судии бара зголемување на платите како на обвинителите
Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија на денеска одржаната седница расправаше за состојбата со платите во судството, и притоа заклучи дека е потребно продолжување на активностите до целосна реализација на заложбите за нивно зголемување согласно зголемувањата на платите во јавното обвинителство.
Како што соопшти Здружението на судии, во таа насока, Управниот одбор ги поддржа досегашните напори на претседателот на Здружението со предлог тие да продолжат и да бидат насочени кон надлежните институции, особено кон Судскиот Совет на РМ и Судски Буџетски Совет.
- Управниот одбор утврди дека надлежните органи не покажале сериозен пристап кон ова прашање и барањата на судиите, па оттука остро реагира на таквото однесување и повикува на соодветен ангажман со цел исполнување на барањата на судиите засновани на релевантната законска регулатива, а заради заштита на достоинството и угледот на судијата и судиската функција, .
Управниот одбор, се додава во соопштението, заклучи, дека е потребно натамошните активности да се насочат во правец на отворање на вистински дијалог за изнаоѓање на соодветно решение, а за таа цел овие активности да бидат водени и од ставовите и препораките на подружниците.
Ново на Сител
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
-
Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
-
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?
-
Вештачката интелигенција „ги изеде“ јуниорските работни места: Како сегашните и идните студенти да се подготват за новата реалност?