Здравствени советувалишта во ромски средини во Делчевско
Во рамките на проектот Здравствено советувалиште во ромска средина поддржан од Фондацијата отворено општетство, десетина студенти по медицина ќе вршат превентивни здравствени прегледи под надзор на искусен лекар.
На стартот на проектот, Зоран Биковски од НВО Кхам од Делчево, невладина која во соработка со НВО Ирис го реализира овој проект, истакна дека целта на проектот е да се подобри комуникацијата на идните здравствени проефсионалци со самата заедница.
- Користа е обострана. Од една страна здравствениот професионалец учи за навиките и ја подобрува комункацијата со самата заедница, а заедницата има шанса да го испита правото на здравје дали го остварува како што треба. На тој начин, самата се грижи за своето здравје и стекнува навики да го унапредува здравјето, рече Биковски.
Студентот на Факултетот за медицина при Универизтетот во Штип, Даниел Трајановски, истакна дека ова е добредојдено искуство за работата со пациенти.
- Овде даваме здравствени совети.Освен што мериме крвен притисок и шеќер во крвта, ги информираме лицата за превентивните мерки за заштита од болести, како да ја применуваат терапијата. Сето ова го правиме под надзор на искусен лекар, рече Трајановски.
Проектот ќе се спроведува 8 месеци, а здравстевно советувалиште освен во Делчево ќе има и во пехчевското село Црник.
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман