Здравко Чолиќ бил уапсен во Охрид: Открива детали за голготата која ја поминал
Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ во 1987 година беше уапсен во Охрид откако кај него беше пронајдена поголема количина девизи, што во тоа време беше строго забрането.
Тогаш тој поминал три дена во Истражен затвор за што досега многу пати е објавено. Чолиќ во детали ја раскажува немилата случка од минатото и како се чувствувал кога со лисици го однеле во затвор.
– Од 1985-та до 1989-та година живеев во Загреб. Се презаситив од музиката, па со еден пријател инвестирав во машини за превоз на пластика. Пошироката јавност дозна дека се занимавам со приватен бизнис дури отка ме уапсија во Охрид, поради тоа што кредитните средства ги претворав во девизи, кои во тоа време поевтино се купуваа во Македонија, за разлика од Србија и Хрватска. Беше многу непријатно, луѓето купуваа девизи во селата со Албанци. Цело време ме следеа, не им беше јасно што правам таму во февруари, кога нема концерт ниту туристи. А јас бев натоварен, па ме пречекаа и ми ги зедоа сите девизи, раскажува Чолиќ.
Додава дека станувало збор за чисти пари, и дека не станувало збор за некој матен бизнис.
– Три дена бев во притвор. Првиот ден бев во канцеларијата на началникот. Ме почитуваа. Вода и плескавица, потоа ме испратија да спијам во хотелот, а следните три утра доаѓав на разговор, кој траеше од 8:00 часот наутро до 8:00 часот навечер. Тоа беше своевиден притвор со толеранција. По третиот ден, ме ослободи истражниот судија да се бранам од слобода, открива популарниот Чола.
Ново на Сител
-
Средба Гаши - Ал Субаие: Подготвеност за продлабочување на соработката во рамки на Парламентарното собрание на Медитеранот
-
ДИА: Путин е убеден дека ќе победи во војната во Украина
-
Ѓоковиќ го освои 100. трофеј во кариерата
-
Николоски: Нова авиолинија Скопје - Ларнака од 31 октомври
-
Плинска боца експлодирала во стан во Штип, повредена сопственичката
-
Скопјанка измамена за сума од 17.300 евра откако на телефон и јавиле дека нејзината внука направила сообраќајка
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на атлетска трка
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во јужна Франција