Зборник на документи „Руската колонија во Скопје (1920 - 1943)"

Државниот архив на Република Македонија го објави зборникот на документи „Руската колонија во Скопје (1920 - 1943)" во редакција на д-р Ленина Жила и д-р Филип Петровски.
Документите сведочат за времето кога руските бегалци - поединци и цели семејства - дошле во Македонија и нашле сигурно прибежиште на нашата територија.
Архивот соопшти дека еден од основните мотиви за објавување на зборникот факсимилни документи „Руската колонија во Скопје (1920 - 1943)" е да воведе во науката голем број претходно непознати и неистражувани документи.
- Рускиот и македонскиот народ имаат долги историски, духовни и културни врски. Руската заедница во Македонија во текот на годините се издигна на високо ниво и се одликува со видни поединци од областа на културата, уметноста, образованието, спортот и науката. Зборникот ќе биде еден чекор напред и вовед во плодната научна соработка во иднина и воедно повод за нови конкретни културни активности во прилог на зацврстувањето на руско-македонско пријателство, информира Државниот архив на РМ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
