Завршува Скопско лето 2015
Со концертот „Сувенири од музички патувања“ на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (МММ), под диригентство на Елена Митревска, вечер во Сули Ан завршува годинашното Скопско лето.
На програмата се дела од Едуард Толдра, Јоханес Брамс, Бела Барток и Петар Илич Чајковски.
Камерниот оркестар на МММ постои 29 години и е основан како прв сегмент на летниот музички камп на МММ во Охрид 1986 година.
Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на Југоисточна Европа, и е составен од студенти на ФМУ Скопје, но и од гости и млади музичари од други земји. Досега дел од него биле над 300 млади музичари.
Оркестарот има реализирано повеќе од 100 концерти, а добитник е на борјни национални награди и признанија. Покрај класичниот репертоар, има изведувано дела од современи, како и од македонски автори.
Веќе 28 години завршниот концерт на летната сесија на оркестарот е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните години и на „ Скопско лето“ и „Битолско лето“.
Скопско лето 2015 почна на 20-ти јуни со премиерната балетска претстава „Заспани убавици“ и изложбата „Просторна екстензија на уметноста“ по повод 25 години Галичка ликовна колонија. Во изминатите 40 дена понуди богата програма на 26 отворени сцени во градот.
Ново на Сител
-
Сител од Неиве - јубилејно по 20ти пат македонската дијаспора во Италија празнува Водици
-
Мицкоски ги почна работните средби во САД, Трамп дочекан со огномет во Вашингтон
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонската дијаспора во Италија ќе го одбележи Богојавление-Водици - Сител со директен пренос
-
Водици најмасовно во Охрид - Сител со директен пренос
-
Последни подготовки за Водици во Штип
-
Дојран прва општина со подземен катастар
-
Мицкоски во понеделник на инаугурацијата на Трамп во Вашингтон