Завршува кампањата, од полноќ молк пред неделните локални избори

На полноќ завршува дваесетдневната изборна кампања и почнува молкот пред локалните избори во недела.
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе ја заокружи кампањата со средби со граѓани во Дебарца и Вевчани, и со митинзи во Струга и Охрид.
Карванот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има завршен митинг во Скопје.
Демократската унија за интеграција ќе има финални средби со граѓани во повеќе општини.
Движењето „БЕСА“ организира средба со граѓани во Чаир.
Гласањето в недела на 15 октомври почнува во седум и ќе трае до 19 часот. Локалните избори ќе се спроведат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Во сабота, ден пред изборите, гласаат болни и изнемоштени лица, затворениците и лицата во притвор.
Право на глас на претстојните локални избори имаат 1.814.644 гласачи.
Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.882 за време на изборите се на издржување казна затвор или се во притвор, а девет гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.
На шестите локални избори во Македонија учествуваат кандидати за градоначалници и за советници од 19 партии и коалиции, а 64 се од групи избирачи.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври.Изборитe на 15 октомври се шести локални избори во Македонија.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
