Завршува бербата на вишни во штипско-карбинскиот регион
Бербата на вишни во штипско-карбинскиот регион е при крај. Прозиводителите на вишни велат дека родот поради пролетните мразеви им е преполовен, но од оваа берба се задоволни од квалитетот и откупната цена, која за прва класа достигнува и до 35 денари за килограм.
Младиот производител на вишни, Гоце Митевски, кој има 80 хектари под вишни вели дека годинава наместо да добие 15 тони од хектар, од оваа берба има од пет до осум тони од хектар. Овоштарството за Митевски е семеен бизнис и постојано вложува во модернизација на производството смета дека за опстојување на овоштарство во овој регион потребно е да се инвестира во системите капка по капка.
– Имаме тропски горештини и без наводнување не може да опстојат овошките. Затоа е потребно да се инвестира во системот капка по капка, а дополнително се појави и една болест кај овошките, односно црвец, кој се вика жилогриз, кој го напаѓа и суши коренот. Но, еве јас како млад земјоделец успевам да ги одржувам насадите, кои ги има подигнато и мојот татко, вели Митевски.
Смета дека климатските промени веќе удираат врз овоштарството во штипско-карбинскиот регион, тоа се гледа и во приносите не само на вишни, туку и на останатите традиционални земјоделски култури.
Горан Митев менаџер на фирмата „Фруктана“, која е најголем откупувач на вишни во регионот посочува дека во нормални услови производството изнесува од 7.000 до 8.000 тони суровина на вишни, а оваа година според бербата се очекуваат од 4.000 до 5.000 тони, што е доста пониско од нормалното.
Во штипскиот регион вообичаено се преработуваат околу 2.000 тони, а оваа година се очекуваат да бидат преработени над 1.500 тони вишни. Вишната има одличен пласман и веќе се извезува на пазарите во Франција, Белгија и Германија.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
