Завршува 7. Скопска недела на дизајн

Во рамки на четиридневната програма на 7. Скопска недела на дизајн (Skopje Design Week), 20 дизајнери и наставници од регионов се обучуваат да изведуваат настава за дизајнерско размислување за деца од 10 до 18 години.
Таа е прва програма за дизајнерско размислување за деца, организирана од Британскиот совет во сработка со Швајцарската претприемачка програма Свис контакт.
Обуките ги изведува Ноам Сохачевски од Велика Британија, а самите програми за деца во Македонија и во останатите земји во регионот ќе почнат од јануари 2018.
Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ вчера и денеска се одржуваат и две детски работилници, на кои под водство на балкански експерти деца од 7 до 14 години учат да развијат дизајнерски производ од идеја до реализација и да дизајнираат и да создадат прототип на мобилна апликација.
Седмата Недела на дизајнот во Скопје вечер ќе заврши со концерт од 21 часот на кој ќе настапи џез-бендот „Mihaly Borbely Balkan Jazz Projekt“ од Унгарија - која е земја во фокус на годинашното издание.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
