Завршно асфалтирање на последната траса од „Партизанска“

Со асфалтирање на последната траса, проектот за реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ влегува во завршна фаза.
Асфалтирањето на последната траса, од ТЦ „Антико“ до мостот „Обединети нации“ (во правец од Центар кон Влае) почна во текот на вечерта и денеска треба да заврши асфалтирањето и на преостанатата делница. Во наредните денови треба да се извршат финалните градежни зафати, и да се постави соодветна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, соопшти прес-службата на Град Скопје.
Асфалтирањето се врши во рамки на проектот за реконструкцијата на дел од булеварот „Партизански одреди“, на потег од крстосницата со булеварот „8.Септември“ до мостот „Обединети нации“, во должина од околу два километри.
Со овој проект целосно се замени асфалтот на површина од околу 47.000 квадратни метри, а на автобуските стојалишта се изведе комплетно нова коловозна конструкција. За реализацијата на овој капитален проект Градот Скопје издвои околу 69 милиони денари.
Ново на Сител
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
-

ЦУК: Од 1 јуни до 31 август регистрирани 1.696 пожари на отворен простор
-

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали
