Македонија
19. February 2019 - 17:03

Завршни зборови во случајот ,,27 април‘‘

Се плашев за иднината на мојата на држава и се уште се плашам, ова во завршни зборови го кажа обвинетиот Игор Дурловски за собраниските настани од 27 април. Тој го негираше обвинението против него дека се коцкал со судбината на државата заради материјални побуди.

„Во име на правдата, запрашајте се дури и да сум протестирал за пари и божемен патриотизам, дали постои доказ дека сум планирал насилство на 27 април“, изјави Дурловски.

Игор Југ и Јане Ченто го отфрлија кривичното дело за кое се обвинети, велат можеби за упад во собранието но не може да им се суди за тероризам. Ченто во завршниот збор рече дека бил уценуван да биде заштитен сведок но одбил па завршил зад решетки.

Разузнавачот Мунир Пепиќ повтори дека на 27-ми во собранието бил на службена должност.

Судењето за собраниските настани продолжува во четврток со завршни зборови на уште четворица обвинети по што ќе следи пресудата.