Завршија преговорите меѓу Грција и кредиторите за втората спасувачка програма
Последниот круг преговори меѓу грчката Влада и кредиторите на земјата во рамките на вториот преглед на програмата заврши рано утринава.
Претставниците на институциите ќе заминат од Атина и разговорите ќе продолжат преку телеконференциjа, најверојатно пред состанокот на Работната група на еврото на 28 ноември.
Според официјалните лица кои учествуваат во грчкиот преговарачки тим, постојат три отворени прашања - труд, енергија и фискалната политика. Во однос на прашањето за трудот, не е забележан напредок, додека двете страни постигнаа поголемо приближување за прашањата за фискалните бројки и дополнителни судски решавања на т.н. лоши заеми.
На среднорочен план, претставниците на институциите не се овластени да разговараат за примарниот суфицит од 3,5 проценти од БДП од 2019 година. За примарните цели за 2019-2020 ќе се дискутира на Еврогрупата на 5 декември, заедно со прашањето за долгот.
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари