Завршија ископувањата на локалитетот Градиште во кривопаланечко
Завршија ископувањата на локалитетот Градиште во кривопаланечкото село Градец, прв локалитет на кој Локалната установа градски Музеј Крива Паланка врши самостојни истражувања.
За годинашните ископувања беа вложени 300.000 денари.
- Министерството за култура издвои 150.000 денари од годинашната програма, а ни беа префрлени и средствата во ист износ од лани, така што успеавме да опфатиме сонда од околу 25 метри квадратни. Од 2013 година, кога го отворивме локалитетот досега се истражени речиси 20 отсто од целата површина на Градиште, околу 5.000 метри квадратни, изјави Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка.
Локалитетот претставува доцно-античко утврдување со артефакти од рана и доцна бронза, се до доцниот среден ,14-ти век.
- Пронајдени се керамички садови, унвертариуми-керамички садови за парфеми, кандилца, чинии, садови за домаќинство, ретка лакирана керамика, бројни монети од времето на Јустинијан и дополнителни вредни предмети, рече Цоне Крстевски, кустос -советник, координатор на ископувањата.
Годинашните ископувања траеја околу еден месец, а на терен работеше тим од 15 лица. Следува евидентирање, концепција и периодизација на пронајдените артефакти, по што дел од нив ќе бидат изложени во постојаната археолошка поставка на Музејот.
- Според бројните артефакти кои се пронајдени, јас сум задоволен од годинашната кампања. Во овие 4 години се работеше на северниот бедем на градиштето, а доколку во иднина Министерството продолжи да не поддржува, за околу 5-6 години ќе биде откриен целиот локалитет, рече Величковски.
Од 2013 година досега Министерството за култура на Република Македонија вложи 600.000 денари за истражувања на Градиште.
Ново на Сител
-
Три странски влади имале планови да предизвикаат физичка штета на државјани на Австралија, вели шефот на австралиското разузнавање
-
Баро: Русија одлучи ЕУ да и биде непријател
-
Кривична за вработена во Одделението за управни работи Куманово - непрописно продолжила регистрација на возило
-
Борис Џонсон: Европа да не се „скандализира“ од Трамп, туку да му помогне да ја запре војната во Украина
-
Нов инцидент во бриселски Андерлехт: Куќа изрешетана со куршуми
-
Велика Британија ќе ги заостри мерките против интернет продажбата на ножеви на деца
-
Република Кипар се соочува со проблеми во снабдувањето со електрична енергија
-
Институт за проучување на војна: Русија не е подготвена на никакви значајни отстапки во врска со Украина