Завршија „Денови на медот“ во Крива Паланка
Околу триесетина пчелари и производители на мед од регионот „Пчиња-Краиште“ учествуваа на манифестацијата „Денови на медот“ што изминатите два дена се одржа на плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка.
Организатор на настанот е здружението на пчелари „Пчела“ од Крива Паланка, а активноста е поддржана од Германското друштво за меѓународна соработка и Работна група за регионален развој на Североисточна Европа, SWG.
-Имавме успешна манифестација која првпат се одржува во нашиот град. Учествуваа бројни производители од државата, од соседните општини, но и од Бугарија и Србија. На штандовите покрај мед, присутните можеа да си купат и пчелни продукти како: мед со саќе, прополис, матичен млеч , а имавме и два постојани штандови со пчеларска опрема. Промовиравме брошура, прва од ваков вид во овој регион, насловена „Што треба да знаете за медот и пчелните производи“, а своите искуства од брендирање на медот во Сурдулица ги сподели пчеларот Ивица Костиќ, информира Ацо Петровски, претседател на ЗП „Пчела“ Крива Паланка.
Истакна дека приносите од пчеларење годинава се исклучително ниски, намалени и повеќе од 50 отсто споредено со минатата и претходните неколку години.
-Годинава имаме многу слаби приноси. Ако лани по кошница се произведени до десет килограми мед, годинава се едвај 4-5 килограми. Во општините Ранковце и Крива Паланка имаме регистрирани околу 190 пчелари, кои имаат вкупо околу десет илјади кошници пчели. Ова се пчелари кои се регистрирани и добиваат субвенции, а дополнително, има голем број пчелари кои се бават со тоа, но не се регистрирани, така што, пчеларството е развиена гранка во овој крај, но ова е неповолна година за нас, додаде Петровски.
Од манифестацијата се произлезени повеќе идеи за понатамошна соработка, а се размислува и за брендирање на медот од овој регион и негов заеднички пласман.
Ново на Сител
-
Статуата на Роналдо откриена на „Тајмс Сквер“ по повод 40-тиот роденден на Португалецот
-
Комисија од тројца судии ќе треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката за предметот на Васил Јованов
-
„Адвокатот на Васо ќе објави снимка како плаче над мртвото тело, апелирам медиумите да не ја објавуваат“, напиша сестрата на Фросина
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна