-->
-->
Завршија 11. „Хераклејски поетски свечености“
-->

Со поетската вечер во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен заврши единаесеттото издание на манифестацијата „Хераклејски поетски свечености“, на која годинешен лауреат е академикот Богомил Ѓузел.
Двочасовниот перформанс беше збогатен со учеството и на поетите Лилјана Дирјан, Љубомир Груевски, Тоде Илиевски, а беа прочитани и стихови од десетина поети од Ресен, вклучувајќи ги и оние на градоначалникот Ѓоко Стрезовски.
Промовирана беше и двојазичната книга „Жарје и ѕвезди (Embers and stars)“ со поезијата на трагично загинатата битолска поетеса Катерина Наковска. Настапи и виолинистката Елена Марковска.
На 25 август центарот на Преспа ќе биде домаќин на уште една манифестација, која ќе биде дел од „Струшките вечери на поезијата“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
-

Масовните протести во Иран продолжуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
