Заврши вториот Конгрес на НДП, Весел Мемеди избран за претседател

На вториот Конгрес, од страна на 600 делегати, Весел Мемеди избран е за претседател на Националната Демократска Преродба.
На вториот Конгрес на НДП, во својство на поканети гости, учествуваа високи претставници од албански партии од Македонија, Албанија и Косово, претставници бизнис секторот и медиумите.
Конгресот го поздравија претставници од политичките партии од Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, како и преставници на амбасадите и други релевантни меѓународни организации.
Делегатите на вториот Конгрес на НДП, избраа 90 членото Централно собрание, кое што во наредниот состанок ќе го избере и Централното претседателство, Генералниот Секретар како и блиското претседателство . Делегатите, исто така, едногласно го усвоија и Статутот и Порграмата на партијата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ана Михајлов, директорка на Националната агенција за европски образовни програми
-

Од Македонија до Солун со лажен товар – „Вардарис“ разоткри меѓународен шверц на дрога
-

Мицкоски: Инфлацијата меѓу најниските во регионот
-

Пожарот во Зелениково наврме локализиран, спречена опасноста да зафати куќи и викендици
-

Мицкоски: Истрагата за водата во Гостивар може ќе открие и други одговорни во случајот
-

СДСМ обвинува за притисок врз директори
-

Европа бара свои суровини, Македонија се уште чека на нови рударски инвестиции
-

Охридските пчелари со загуби поради климатските промени
