Заврши вонредната крводарителска акција во Куманово, собрани 49 крвни единици
На вонредната крводарителска акција која се одржа денеска во Центарот за култура „Трајко Прокопиев" во КУманово беа собрани 49 крвни единици. Организатори на акцијата беа општинската организација на Црвен Крст Куманово и Институтот за трансфузиона медицина.
- Кумановци уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело и се одѕваа на повикот за дарување крв. Задоволни сме од од бројот на собраните крвни единици, изјави Бојан Патрушевски од Црвениот Крст Куманово.
Ова е прва вонредна крводарителска акција која се одржува во летниот период. Втората вонредна крводарителска акција, според најавите на надлежните, ќе се одржи во втората половина на идниот месец. Од септември стартува редовната годишна програма. Во тековната година до јуни, според податоците на општинската организација на Црвениот крст Куманов, биле собрани 1.451 крвна единица.
Ново на Сител
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот