Македонија
11. July 2023 - 16:38

Заврши увидот во предметите за Мерко, Јовески ќе формира национален фронт за борба со корупцијата

Ниту еден македонски обвинител нема да понесе одговорност што не нашол ништо незаконско во работата на Мерко. Комисијата на обвинителството изврши вонреден надзор за предметите на струшкиот градоначалник кого САД го обвини за сериозен криминал и мешање во судски одлуки. Констатирале дека против Мерко се водат 4 предмети во Струга и уште 5 во обвинителството на Абази.

„За време на извршениот надзор, членовите на Комисијата извршија и директни разговори со јавните обвинители од кои побараа да се произнесат дали чувствувале какви било притисоци во постапувањето и дали се соочуваат со проблеми при водењето на постапките. Во исто време, членовите на Комисијата апелираа до надлежните јавни обвинители за поголема ажурност и ги охрабрија да го пријавуваат секој обид да се компромитираат постапките што се водат во јавните обвинителства.“ – се вели во соопштението на Обвинителството.

За да не се случува криминалот да се гледа од Вашингтон но не и од Скопје, комисијата на Јовески нашла решение. Ќе формира нацаионален фронт за борба со корупцијата.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ќе иницира средба со Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и други надлежни органи и институции, со цел активирање на национален фронт за борба против корупцијата, се вели во соопштението на Обвинителството во кое се бара јавноста да им даде поддршка. По 30 предмети без никаков резултат, обвинителството констатира Толеранција на какви било облици на криминал нема и нема да има.