Заврши средбата Гаши-Доцова во Софија: Неопходно е продолжување на дијалогот на парламентарно ниво

Претседателот Гаши ја реафирмираше честитката на изборот на претседателката Доцова на 52. Народно собрание на Република Бугарија и ја потенцираше неопходноста за продолжување на дијалогот на парламентарно ниво, посебно имајќи ја предвид конструктивната улога на парламентарната дипломатија во зајакнувањето на довербата и разбирањето меѓу двете соседни земји. Во таа смисла, укажа дека двата парламенти може да обезбедат дополнителни канали на комуникација, преку парламентарните групи за пријателство и соработка, но и различните парламентарни комисии: за европски прашања, надворешни работи, економски прашања, енергетика и инфраструктура, регионален развој и локална самоуправа и образование и млади, притоа создавајќи практични и одржливи резултати.
Претседателот Гаши ја искажа нашата посветеност на добрососедските односи, европските вредности и регионалната стабилност при што констатираше дека моделот на градење наративи со фокусирање кон минатото и историјата се покажал како предизвик којшто ги оптоварува односите и несомнено треба да се разговара за други развојни теми.
Претседателката Доцова истакна дека особено треба да се посвети поголемо значење на промовирање на дијалогот за активностите што влијаат на прекуграничната соработка меѓу двете соседни држави, инфраструктурата, трговијата, образованието и заштитата на животната средина.
Двајцата претседатели се заложија во иднина да остваруваат почести средби со цел унапредување на парламентарната соработка, и размена на мислења и искуства во однос на европското искуство на Бугарија кон членство во Европската Унија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Гордан Јорданов, Обединета македонска дијаспора
-

Интензивни преговори за владината реконструкција - конечна одлука во вторник
-

Сејф сити не ги санкционира возачите кои имаат возила со странски таблички
-

Сезонски работник од Бангладеш хоспитализиран на инфективна со денга вирус
-

Државата прогласува кризна состојба поради пожарите - се воведуваат ригорозни забрани и надзор со дронови
-

„Везилка“ ќе ги даде првите резултати уште ова лето
-

На македонските откупувачи не им требала домашната пченица - што ќе се случува со годинешната реколта?
-

Неопходно е посебно тело да управува со езерото
