Македонија
31. July 2015 - 18:18

Заврши седницата на Собранието за пратенички прашања

Собранието на Република Македонија попладнево ја заврши 60-та седница на која  беа поставувани пратенички прашања.

Со седницата за пратенички прашања завршија работните обврски  на пратениците во Собранието пред годишниот одмор. 

Следната активност во законодавниот дом е закажана за 20-ти следниот месец, кога треба да се одржи 62-та седница, на чиј дневен ред е Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2015 година - II читање.