Заврши рокот за пријавување на македонските граѓани кои сакаат да се вратат во земјава

Заврши рокот во кој македонските граѓани заглавени во меѓугранични простори или на аеродроми можеа да се пријават пријават во најблиското конузларно претствништво. Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт ќе организираат хуманитарни летови и конвои за да можат да ги вратат назад.
Според информациите на Министерството за надворешни работи такви се околку 2.300 граѓани, најмногу затечени во европските земји. Сите што на ваков начин ќе пристигнат во државава ќе бидат ставени во задолжителен државен карантин од 15 дена.
Граѓаните можеа да се пријават на е-меил адресите и телефоните на дипломатско-конзуларните претставништва на РСМ во земјите каде што се наоѓаат или во најблиското конузларно претствништво во соседната земја или во земјата од регионот.
Според министерот за надворешни работи Никола Димитров, пријавувањето на граѓаните било важно за да се има прецизна евиденција и податоци, за да може да почне организирањето на конвоите.
Тој завчера најави и дека деновиве ќе биде организиран хуманитарен конвој од Црна Гора каде има околу 70 наши граѓани. И тие ако дојдат во земјава ќе бидат ставени во задолжителен карантин. Трошоците ќе бидат на товар на државата.
Се контактираат и сите земји од шенген зоната – доколку некои граѓани поради актуелната состојба со коронавирусот го пробијат рокот за максимум престој од 90 дена да не сносат правни последици.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
