Заврши реконструкцијата на патот Струмица – Берово | Сител Телевизија
Бизнис
20. July 2018 - 19:47

Заврши реконструкцијата на патот Струмица – Берово

Заврши реконструкцијата на патниот правец Струмица Берово. Вкупната должина на двете рекоснтруирани делници од селото  Дабиле до Хамзали и од Берово до селото Ратево изнесува 8, 2 километри за кои се потрошени 1, 6 милиони евра. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта беше во работна посета на општина Струмица најави дека ова е само дел од проктите кои во наредниот период ќе бидат реализирани во овој дел од државата.

,, Сакам да ги најавам и проектирањето на двата патишта, тоа се експресниот пат Струмица – Радовиш и Струмица бугарска граница, исто вклучително со завршувањето на овој пат кој што чинеше 1, 6 милиони евра дополнително ќе бидат реконструирани поголем број на регионални патишта, рече Сугарески

Министерот Сугаревски најави дека најдоцна до октомври ќе заврши изградбата на зградата  со 41 стан, наменети за семејствата од социјално ранливите категории.

,, Нашите очекувања се дека во најбрз временски период, веројатно во септември или октомври месец официјално ќе биде завршена зградата со технички прием,  се со цел да можеме да распишеме јавен повик и тие станови согласно критериумите кои што се од министерството за транспорт и врски и министерството за труд и социјлана политика бидат објевени.,, рече Сугарески

Меѓу другото Сугаревски најави дека многу скоро со поддршка на министерството за транспорт и врски општина Струмица ќе започне со изградба на два канализациони системи во селата Дабиле и Просениково со вредност од над 600 000 евра.