Заврши регулацијата на Зрновска река
Заврши втората фаза од регулацијата и уредувањето на Зрновска река што треба да спречи нејзино евентуално излевање.
Според Општината, овој значаен комунален прокет е од особена важност за семејствата кои живеат долж коритото на Зрновска река, а се реализира со 10,7милиони денари финансиска поддршка од ИПА програмата.
- Со овој проект Зрновска река е регулирана и уредена во должна од 463 метри што ќе придонесе за заштита на објектите во близина на речното корито. Средствата се обезбедени од ИПА грантот за развој на руралните средини, изјави градоначалникот на Зрновци Блаже Станков.
Прокетот се реализираше изминатите три месеци, а со регулацијата и целосното уредување на коритото веќе е подобрен и изгледот во центарот на населеното место Зрновци.
Ново на Сител
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата