Заврши расправата за предлог одлуките за испраќање припадници на Армијата во „АЛТЕА“ и „EUTM RCA“, седницата прекината
Во Собранието денеска во рамки на 71-вата седница заврши расправата по Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, и Предлог – одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република. Поради немање кворум гласањето по овие точки ќе биде дополнително закажано.
На денешната седница без расправа поминаа и уште неколку предлог-закони, за кои, исто така ќе се гласа дополнително.
Беа разгледани и десетина барања за автентично толкување на членови од закони, поднесени од пратеници и градоначалници, но сите беа одбиени како неоправдани.
Претседателот на Собранието Талат Џафери потоа ја прекина 71. седница и најави дека нејзиното продолжение ќе биде дополнително закажано.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот