Бизнис
8. јуни 2021 - 16:33

Заврши првата генерација ученици со дуално образование

Првите матуранти од дуалното образование можат да почнат со работа. Тие во изминатите четири години учеа во средните стручни училишта и паралелно работеа во фабриките. Годинава низ цела држава компаниите склучија договори со училиштата и ќе има 36 вакви паралелки.

Германски Костал е една од компаниите вклучени во овој прокет. Тие првите матуранти кои ќе можат да ги вработат следната година.

Уписите за средно училиште почнуваат в понеделник. Искуството досега покажа дека децата што завршуваа стручно образование си заминуваа од државата. Според надлежните, овој начин на соработка на училиштата и компаниите ќе создаде квалитетни и платени кадри кои ќе останат дома.

Дуалното образование со голем успех со децении се применува во земјите од германското говорно подрачје. Искуства за него денеска споделуваа менаџери на гермнаски компании во рамки на вториот ден од Балкан бизнис вик, настан кој оваа недела се одржува во Скопје.