Заврши првата фаза од реконструкцијата на одделенијата во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје

Завршена е првата фаза од реконструкцијата на одделенијата во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (стара градска болница).
Реновирањето се одвива во неколку етапи. Целосно е реновиран третиот кат каде се сместени одделенијата за детска хирургија и за пластична хирургија, соопшти денеска Министерството за здравство.
Министерот за здравство Венко Филипче утрово ја посетил болницата и се сретнал со директорот на болницата Иван Спировски.

Во рамки на посетата, како што се наведува во соопштението, министерот Филипче се сретна и со здравствените работници и со нив разговараше за состојбата, условите за работа и се информираа за новините кои ги спроведува Министерството за здравство.

– Во моментов се реновираат првиот и вториот кат. На првиот кат е сместено одделението за урологија, а на вториот кат сместен е одделот за дигестивна хирургија. Поставен е и нов лифт за да се одвива непречено работата во болницата, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
-

На 58-годишна возраст почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
-

ЦУК: Активни три пожари
