-->
-->
Заврши првата фаза од изградбата на црквата Св.Пантелејмон на Голак
-->

На планината Голак во Делчево заврши првиот дел од изградбата на новата црква „Св.Пантелејмон”. Како што информираше ктиторот Мите Стојковски со градежни активности ќе се продолжи во текот на пролетта 2019 година.
– Градежните работи за изградба на црковниот објект Св.Пантелејмон кој го започнавме во јуни ќе траат две години. Црковниот комплекс се гради по стар начин на градење и истиот е предвидено да биде изграден од камен. Изградбата според планираното ќе трае две години, информира Стојковски.
Ктиторот додава дека заради подобра заштита објектот е конзервиран со што градбата ќе биде заштитена од зимските ниски температури.
Според планираното предвидено е новиот црковен комплекс на Голак да располага со камбанарија, соба за крштевање и конаци се со цел црквата да остане да им служи на верниците кои ќе го посетуваат Голак, што пак од друга страна по изградбата на црквата ќе придонесе за развој на туризмот на делчевската планинска убавица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
