Бизнис
15. March 2017 - 19:45

Заврши откупот на тутун, тутунарите се подготвуваат за нова реколта

Заврши тутунскиот откуп за реколтата од 2016 - та година. Продукцијата тешка околу 25 илјади тони тутун, ги надмина очекувањата според оствареното вкупно количество, но и со постигнатата просечна цена од 197 денари за килограм.

Од страна на деветте откупни компании, заклучно со денеска, откупено е целото количество произведен тутун.

Според предвидувањата, годинава, интересот кај тутунопроизводителите за производство на оваа индустриска култура се очекува да биде на рамниште од ланската оптимална понуда од околу 25 илјади тони тутун.

Во меѓувреме во ПЕ на Министерството за земјоделие во тек е издавањето на таканаречените бели картони кои се потребни за склучување договори на тутунопроизводителите со откупувачите.