Заврши општата расправа за Предлог-законот за рамномерен регионален развој
Заврши општата собраниска расправа по Предлог-законот за рамномерен регионален развој. По расправата, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 26-та седница и најави дека пратениците за нејзиното продолжение ќе бидат дополнително известени.
Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски информира дека законот за рамномерен регионален развој е подготвен во согласност со Програмата за работа на Владата за периодот 2020-2024 и со Националната програма за усвојувањето на правото на Европската унија (НПАА) 2019-2021.
Предлог-законот го подготви Министерството за локална самоуправа. Целта е да се унапреди правната и институционална рамка на политиката за рамномерен регионален развој, во функција на ефикасно користење на средствата за поттикнување на рамномерен регионален развој, утврдени во Буџетот и балансирање на развојот на целата територија на државата.
Се предлага воведување нова програма за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност, која ја спроведува Министерството за локална самоупрва, со цел зголемување на ефикасноста на политиката, финансирање на чинителите на политиката, како и зголемување на опфатот на корисниците на проектите кои ќе бидат поддржани од програмата.
Критиките на пратениците од опозицијата се во насока дека овој предлог-законот е даден со европско знаменце и недостасува широка јавна дебата за носење добро законско решение. Според нив, на терен или на дело нема развој, а уште помалку, како што велат, рамномерен регионален развој. Сметаат дека нема идеи, нема проекти и не искористени средства од европските грантови. Укажаа дека имаме комплетно запуштени села, запустени локални патишта, градови, региони кои, како што велат, трпат масовни иселувања и напуштања.
Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, сметаат дека ова законско решение е соодветно изготвено од Министерството за локална самоуправа и се темели на искуства од Бирото за регионален развој, како и од локалната самоуправа.
Ново на Сител
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”
-
Израел ги уапси активистите од едрилицата „Медлин“, вклучувајќи ја и Грета Тунберг | ВИДЕО
-
Стапи во сила забраната на Трамп за влез во САД на државјани од 12 земји
-
Влада: Телефонскиот број 070/355-526 е во функција, Пониква станува центар за рехабилитација за повредените
-
Завршни зборови на обвинителството за убиството на Вања и Панче
-
Успешна евакуација на повредено лице од Шар Планина со хеликоптер на Армијата
-
Меѓународен ден на архивите - 9 јуни
-
Министерот Муцунски во работна посета на Казахстан