Заврши манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2016“

Со два културни настана во галеријата и салата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци синоќа заврши манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2016“.
Присутните имаа можност да ја видат изложбата на уметничка фотографија на Димитар Чунговски, насловена „Два света“. Уживаа и во целовечерниот концерт „Златко Јованов (труба) и пријателите“, со што овој кавадарчанец ја одбележа педагошката дејност и неговата работа со млади таленти трубачи од Кавадарци.
- Оваа година манифестацијата донесе над 70 настани од културата и тоа изложби, концерти, промоции, предавања и слично, на што можат да ни позавидат многу други општини, рече Владимир Темков, директор на културниот дом.
Тој нагласи дека со завршувањето на културната есен, не завршуваат настаните од културата во Кавадарци. Напротив, тие продолжуваат со несмалено темпо и во наредниот период. Она што следува се новогодишни претстави за најмладите и повеќе концерти.
Ново на Сител
-

Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури
-

Сопственикот на објектот каде беше „Пулс“ бара ослободување поради сепса и бактерија, судијката го предупреди со притвор
-

Почина д-р Ванчо Андреевски, истакнат невропсихијатар
-

Газда Дeко се жалел на чести претреси и барал смена на душек, не на нечовечко однесување - велат од затворот во Куманово
-

Железничко поврзување на Скопје и Софија до 2030 година
-

Иранска Црвена полумесечина: Во американско-израелските напади оштетени се најмалку 105 цивилни објекти
-

Одбраната побара спојување на постапката за пожарот во „Пулс“ со новиот обвинителен акт против 13 полицајци
-

На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница
