Заврши ликовната колонија „Куманово 2018“

Над триесетина дела креираа петнаесет уметници од Македонија и државите од регионот на 44. Меѓународна ликовна колонија „Куманово 2018“, која синоќа беше затворена. Колонијата ја организира Националната установа Музеј Куманово со поддршка на Министерството за култура и градоначалникот и советот на општина Куманово.
Уметниците се задоволни од десетдневното учество на колонијата која се одржува во Меморијалниот Центар АСНОМ и од чија што природа се инспираа за креирање на делата. Во збирката на музејот остануваат дела кои се одраз на аветнтичните ликовни изрази на поединците, рефлексии од амбиентот со кој беа опкружени изминативе денови.
Директорот на кумановскиот музеј Богдан Таневески, посочи дека уметниците имале можност да разменат идеи и искуства.
- Фондот на нашата збирка е збогатен за триесетина дела, изјави Танвески.
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски им се заблагодари на уметниците за учеството на колонијата која е една од најстарите во државата.
Кустосот во кумановскиот музеј, Драгана Спасковска истакна дека како органоизатори се задоволни и од кванитетот и квалитетот на делата.
- Како организатори Националната установа Музеј Куманово и Општина Куманово, оваа година анимиравме млада и најмлада група ликовни автори, се со цел да допреме до најновите тенденции кои се случуваат на ликовната сцена во Македонија и пошироко и на еден начин да инвестираме во иднината, рече Спасковска.
Делата на уметниците ќе бидат изложени пред пошироката јавност на изложба во Уметничката галерија, наредниот период.
Ликовната колонија „Куманово“ е една од најстарите во државата, интернационална по својот карактер, препознатлива помеѓу уметниците од светот кои во изминативе години креираа над 1.500 дела.
Ново на Сител
-

Годишниот извештај за работата на ФЗО пред матичната собраниска комисија
-

Дел од центарот на Скопје денеска без вода
-

Цените на угостителските услуги за една година зголемени за 3,4 отсто
-

Отворање на новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
-

Во Кран-Монтана затворен хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарната безбедност
-

Трамп: Неопходен е нуклеарен договор, што ќе го замени Нов Старт
-

Приведен е и вториот осомничен за фрлањето бомба врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
-

Времето денеска променливо облачно со дожд
