Заврши ликовната колонија „Арт варијации-Стари поток“
По петдневна работа и создавање ликовни дела заврши втората ликовна колонија - Сликарски конак „Арт варијации-Стари поток“, во организација на Здружението за култура, наука и општествени дејности „Стари поток“ од Кочани.
- На годинешната колонија учествуваа седум ликовни уметници од Србија и Македонија кои создаваа дела во акрил и масло на платно на слободна тема. Годинава манифестацијата ја дислоцираме во Пехчево во просториите на Домот на културата „Јане Сандански“, а уметниците своите дела ги создаваа во околината на Пехчево. Минатата година колонијата беше реализирана кај езерото Градче крај Кочани, изјави Љупка Стоименова, претстедател на Здружението „Стари поток“ од Кочани.
На сликарскиот конак „Арт варијации-Стари поток“ учестуваа ликовните творци: Божица Милојевиќ и Кристина Милошевиќ од Република Србија, Трајан Трајковски, Гроздан Крстевски, Гоце Илиевски, Ели Ѓорѓиоска и Мики Трендафиловски од Република Македонија.
- Импресионирана сум од организацијата на колонијата.Во моите дела црпам инспирација од енергијата на одреденото место на кое творам. За ова сведок се и моите дела што ги создадов во текот на овие денови, изјави Божица Милојевиќ, ликовен уметник од Србија.
- Божествено творечко поднебје под чиј небесен свод тече и се слуша жуборот на бистра река во која постојано се мрести творечката идеја и еколошка порака, истакна ликовниот уметник Гроздан Крстевски од Македонија.
Создадените дела од годинешниот сликарски конак ќе бидат изложени наредниот месец во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, а ќе бидат претставени и пред љубителите на ликовната уметност од Пехчево и неколку други градови низ Македонија.
Ново на Сител
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево