Македонија
9. July 2015 - 17:22

Заврши летниот камп за питомци на Криволак

Со симулациски вежби кои се однесуваа на преговори во кризни ситуации, на кои треба да се постигне мир, како и медицинска евакуација при експлозија на нагазна мина, заврши летниот камп за питомци на армискиот полигон Криволак. Обуката, на која учествуваа повеќе од 180 питомци, од десет земји, траеше десет дена.

Деканот на воената академија, полковник Орце Поповски изрази особено задоволство од постигнатото и залагањето на учесниците, а благодарност упати и до инструкторите од Министерството за одбрана кои вложија натчовечки напори при обуката.

Една од учесничките на овој камп беше и Керолајн Дакто, од армијата на САД. Таа беше особено задоволна од наученото и нагласи дека ова искуство ќе биде многу значајно за нив, како идни офицери.

Мултинационалниот камп за питомци од воените академии, во Македонија се одржа по шести пат.