Заврши истрагата: Причината за смртта на 21-годишната српска јутјуберка е труење со МДМА и бромазепам
Вишото јавно обвинителство во Белград по завршувањето на истрагата соопшти дека смртта на 21-годишната инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ била предизвикана од труење со наркотична дрога МДМА и лекот бромазепам.
Како што пренесува српски Курир, Вишото јавно обвинителство во Белград по деталните проверки утврдило дека нема потреба од покревање кривична постапка против ниту едно лице, за какво било кривично дело, во врска со околностите под кои починала Јутјуберката и Инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ.
„Одлуката е донесена имајќи го предвид обдукцискиот извештај од кој произлегува дека причина за смртта е комбинирана интоксикација со наркотична дрога МДМА и лекот бромазепам“, велат од обвинителството.
Исто така, додаваат дека на конечната одлука влијаеле разговорите со блиски до неа, постоењето на проштални пораки и тоа што претходно во два наврати се обидела да се самоубие, како и други околности и извршени проверки.
Потсетуваме дека смртта на 21-годишната Јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ во декември 2021 година го потресе регионот, а нејзината последна објава го навестуваше овој трагичен чин.
Ново на Сител
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем